Monday, April 21, 2008

Рефлексии за првиот ден од семинарот

Портфолиото претставува многу обемна работа и за наставникот и за учениците. Од тие причини, ако сакаме да ги извлечеме сите можни придобивки од него, треба да му пристапиме многу сериозно и прецизно.
Во досегашната моја пракса портфолиото го користам повеќе за формативни цели, го следам процесот и давам пишана повратна информација, но исто така е многу корисно како продукт за сумативно оценување.
За следната учебна година ќе воведам и електронско портфолио со рефлексии од учениците, но тоа ќе го правам селективно, во зависност од ресурсите со кои располагаат учениците.

No comments: